7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев-Штајнмаер: 25 години дипломатски односи вложени во длабоко партнерство

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во рамките на официјалната посета на Сојузна Република Германија се сретна со претседателот Франк-Волтер Штајнмаер.

Заев и Штајнмаер го оценија како исклучително позитивен и динамичен досегашниот развој на односите меѓу Македонија и Германија и заеднички се согласија дека овие ралации ќе продолжат и понатаму и дека се од особено значење за претстојниот клучен период за Република Македонија.

Двајцата соговорници разменија мислења и за активната соработка во сферата на безбедноста и одбранбените политики и членството на Македонија во НАТО. Претставници на Армијата на Република Македонија се дел од редовните обуки во армиските институции на Германија, како и во заедничките мировни мисии. Особено беше истакнат анжаманот на македонските војници, кои рамноправно и професионално ги извршуваат мировните задачи во мисијата во Авганистан во рамки на германскиот контингент.

Премиерот Заев информира дека, освен политиките за забрзување на евроинтеграциските процеси, напорите на Владата се фокусирани на спроведувањето одржливи внатрешни реформи и за затворање на долгогодишните и длабоко чувствителни прашања со соседите. Претседателот Штајнмаер додаде дека ги почитува напорите на Владата на Република Македонија и премиерот Заев и оцени дека се направени видливи и значајни промени во придвижувањето на земјата напред и спроведување на реформите.

Решението на спорот со Грција, оцени Штајнмаер, ќе даде позитивен импулс за целиот регион и значително ќе влијае на стабилноста.

Фокусот е да се гради нов дух во нашите односи, да се отвори дијалог за решавање на нерешените прашања, да се изградат мостови за соработка базирани на заемна доверба и почит, истакна на средбата премиерот Заев.

Спонзорирано: