11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Посветени сме да испорачаме решенија за кои ќе побараме одобрување и од граѓаните

Претседателот на Владата, Зоран Заев, по средбата со германската канцеларка, Ангела Меркел, истакна дека Македонија е подготвена да испорача решенија во кои ќе бидат вклучени опозицијата, претседателот на Македонија, но и ќе побараат одобрување од граѓаните во земјата.

„Нам ни останува домашната задача: да продолжиме интензивно со реформите, како и на решавањето на отвореното прашање со Република Грција, проблемот што таа земја го има за нашето уставно име. Тоа се деликатни и тешки прашања, но ние сме посветени да испорачаме решенија во кои ги вклучуваме и опозицијата и претседателот на државата, а ќе бараме одобрување и од нашите граѓани“, истакна Заев на заедничката прес-конференција со Меркел во рамките на официјалната посета на високата владина делегација на Германија.

Во своето обраќање Заев изрази задоволство од средбата и информира дека на канцеларката ѝ честитал за прелиминарниот договор за владина коалиција во Сојузна Република Германија. Политички стабилна и силна Германија е во интерес на Европа и на Балканот, нагласи Заев во своето излагање.

„Оваа година одбележуваме 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите две земји. Нема подобра потврда за плодната соработка меѓу Македонија и Германија од фактите. Сојузна Република Германија е трговски партнер број 1 за нашата земја. Вредноста на трговската размена достигна околу 3,6 милијарди евра и секоја година расте“, истакна Заев и соопшти дека набргу се очекува да биде потпишана спогодбата за заемно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија.

Спонзорирано: