17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Сирија за три дена загинале над 250 цивили, меѓу нив и 60 дeца

Сириската војска денеска продолжи со своите жестоки напади врз енклавата на бунтовниците во Источна Гута во близина на Дамаск, при што загинаа уште пет лица, а беа повредени повеќе од 200.

Сириската армија од воздух бомбардира делови од енклавата во која под опсада на силите на Башар ал Асад од 2013 година, се околу 400.000 жители, објави Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР).

Тое е една од последните области под контрола на бунтовниците. Опсерваторијата објави дека од неделата повеќе од 250 цивили загинале во источниот дел на Гута, вклучително и шеесет деца. Стотици се ранети, а болниците не се во состојба да се грижат за сите повредени поради нанесените сериозни штети.

Спонзорирано: