10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поповска: Не е убаво ситење над туѓа несреќа, особено кога се работи за неправда

Претседатеката на ДОМ, Лилјана Поповска, упати реакција на, како што вели, некои материјални невистини изнесени во јавноста по повод нејзиниот допис за случајот „Музеј“.

Поповска рече дека се работи за политички монтиран случај во кој настрадале шест невини луѓе, меѓу кои и двајца од нејзината партија.

„Поради изнесените паушални оценки за случајот, да појаснам: Врховен суд неодамна ги одби жалбите за казните што беа веќе издржани во притвор, а за кој судот во Стразбур одлучи дека е неоснован. Претходно, во март 2015 година, Основниот суд имаше досудено драконски казни од вкупно 31 година. По жалбата на Апелација беа отфрлени половина од „случаите“, а пресудено само за по еден на човек, колку да се покрие скандалозниот и неоснован притвор од 8,5 месеци до 2 години и 3 месеци!“, вели Поповска.

Таа додава дека била изненадена од одредени реакции и прашува како е можно некој да ликува со одлуката на Врховниот суд да им ги потврди казните за измислени „дела“ на невини луѓе.

„Не е убаво ситење над туѓа несреќа, особено кога се работи за неправда. Како да се верува во одлуките на судот по сè што се слушна и разбра за начинот на распределба на предметите со заобиколување на АКМИС-от, за нарачките и за пресудите? Впрочем, овој метод на работа на правосудните органи во изминативе три години беше детаљно анализиран, илустриран и посведочен со многу примери, а е дел и од извештајот на Прибе“, заклучи Поповска.

Спонзорирано: