23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Општина Гостивар ќе интервенира за да се спречи лизгањето на земјиштето во Речане

(МИА) – Последиците од лизагањето на земјиштето кое се појави во гостиварското село Речане наскоро ќе се санираат, а ќе бидат извршени поправки и на локалниот пат, информира општина Гостивар.

Градоначалникот Арбен Таравари со соработниците по вчерашната посета на селото и извршениот увид се запознал со проблемите со кои се соочуваат жителите, по што денеска неговиот кабинет најави конкретни зафати.

– На влезот на селото, како последица од лизгање на земјиштето на главниот пат, една куќа е загрозена. Утврдено е дека состојбата е алармантна и проблемот итно ќе се решава. Наскоро ќе се гради потпорен ѕид со што ќе се спречи лизгањето на земјиштето, стои во соопштението од општина Гостивар.

Освен на заштитата од лизгањето на земјиштето и локалниот пат, градоначалникот Таравари најави и интервенции кои се потребни за подобрување на условите во училишната зграда во Речане.

Спонзорирано: