13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Меркел со моќна порака до Македонија – еве за што се работи

Македонија е поблиску од кога било во изминатата деценија да го реши долгогодишниот спор околу своето име со Грција, кој ги запира амбициите на Скопје да им се придружи на НАТО и на ЕУ.

Ова го порача германската канцеларка Ангела Меркел на денешната заедничка прес-конференција со премиер Зоран Заев во Берлин.

Меркел го пречека Заев во Берлин со сите почести.

„Ме радува и за мене претставува олеснување што со владата на премиерот Заев во преговорите повторно дојде до придвижување.

Имам чувство дека двете страни имаат интерес да се најде решение за ова прашање“, рече Меркел.

Германија сака проблемот да биде решен, онаму каде може ќе помогне и ќе ги охрабри партнерите да направат нужни чекори и да најдат решение.

Таа додаде дека европската перспектива за земјите од Западен Балкан е она што секогаш го поддржувааат. Конфликти во регионот има доволно, а еден помалку ќе значи многу, смета таа и додава дека е контрапродуктивно вршење притисок во спорот околу името.

Според Меркел, двете страни треба да ги зајакнат напорите, а притоа се неопходни компромиси, кои секогаш се болни.

Меркел вели дека не треба да се инсистира на датум за можен прием во ЕУ, туку во преден план треба да бидат напорите за исполнување на условите.

Премиерот Зоран Заев, кој е во своја прва посета на Берлин, потенцираше дека за неговата земја нема друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ и во НАТО.

За таа цел Македонија е спремна и прави напори да ги реализира потребните реформи.

Заев ја потенцираше улогата на Германија како трговски и стратешки партнер за Македонија, но и очекувањата од натамошна германска поддршка на патот кон ЕУ и НАТО.

Спонзорирано: