3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Меркел: Не се важни годините, туку зрелоста

Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на заедничката прес-конференција со претседателот на Владата, Зоран Заев, истакна дека за членство на Западен Балкан во Унијата не е толку важен рокот до 2025 година колку што е важно исполнувањето на условите.

Таа вели дека доколку некоја земја ја постигне зрелоста за пристап, може да стане членка на ЕУ и пред предвидениот рок.

„Ние сме насочени кон исполнувањето на условите. За мене, во преден план не е бројот на годините, туку кога е постигната зрелоста за пристап и во однос на тоа има предлози и услови на Европската комисија. Ако тие услови бидат исполнети, може побргу да дојде пристапот, но доколку не се исполнети условите, тогаш подоцна. Јас не би сакала да зборувам за бројки, туку за брзината со која една земја ќе го направи тоа“, рече Меркел.