13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лавров пристигна во посета на Белград

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, пристигна во посета на Белград.

Лавров на аеродромот „Никола Тесла“ беше пречекан од неговиот српски колега Ивица Дачиќ по што замина на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Двајцата по завршувањето на средбата, ќе одржат и заедничка прес-конференција.

Лавров утре ќе се сретне и со претседателката на српската Влада, Ана Брнабиќ, а заедно со Дачиќ ќе одржи и предавање во Ректоратот.

Повод за посетата на рускиот шеф на дипломатијата е одбележувањето на 180-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу двете земји.

Спонзорирано: