13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МАКЕДОНИЈА

И САД ја осуди изјавата на Рама

Амбасадата на САД во Тирана изрази разочарување од изјавата на албанскиот премиер, Еди Рама, за обединување на Косово и Албанија.

„Амбасадата на САД е разочарана од изјавата на премиерот Еди Рама за Косово и Албанија по повод 10 годишнината од косовската независност. Невнимателната реторика со која се алудира на обединување не е од помош и е на штета на односите на Албанија со соседите“, се наведува во пораката објавена на официјалната страна на Амбасадата на „Твитер“.

Во пораката, амбасадата повика лидерите да бидат добри со своите соседи и да се дистанцираат од реторика од минатото што создава поделби.

Рама во неделата во Приштина рече дека Албанија и Косово би можеле да имаат заеднички претседател и заедничка надворешна политика. Неговата изјава наиде на остри реакции во јавноста и осуда од Европската Унија.

Рама потоа посочи дека изјавата била извадена од контекст и се работело само за негова фантазија.

Спонзорирано: