23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

„Гардијан“: Нерешавањето на спорот за името ќе ѝ наштети на ЕУ

Ако долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија за името не биде решен пред следниот самит на ЕУ за Западен Балкан во мај, тоа ќе доведе до двоен пораз – амбициите на Македонија ќе бидат уништени, а ќе пропаднат и напорите на Брисел да биде сериозно сфатен во регионот, пишува „Гардијан“ во коментар за Западен Балкан со наслов „Европа се соочува со потенцијална балканска криза, мора да дејствува што побргу“.

Авторот на коментарот наведува дека дека ветувањето за членство во Европската Унија за земјите во регионот е добредојдено, но Русија, Кина и Турција може да создадат нестабилност.

„Европската Унија сè уште не е подготвена за живот во свет каде што геополитиката се враќа, каде што владите, како и голем дел од општеството, се опседнати со граници и територии и имаат тенденција да го одредуваат успехот не толку преку економскиот раст колку преку националната гордост. Ова се случува денес во Западен Балкан, каде што капацитетот на ЕУ да размислува и да дејстсвува како геополитички играч е подложен на сурово искушение“, пишува во текстот објавен во „Гардијан“.

Понатаму, авторот наведува дека ЕУ најмногу треба да стравува од повторување на украинското сценарио бидејќи владината поддршка за европските аспирации предизвикува реакција од противниците на проширувањето. Како охрабрувачки, меѓутоа не толку забележан развој, „Гардијан“ ја посочува неодамнешната ратификација на договорот за пријателство меѓу Бугарија и Македонија.

„Односите помеѓу овие две земји одамна беа проблематични, главно за прашањата на малцинствата. Со постигнувањето на овој пробив тие сигнализираа дека е дојдено време да се бараат решенија за некои од проблемите во регионот. Но, со цел ЕУ да ја оствари својата амбиција да го трансформира регионот, таа мора да биде свесна за важните геополитички промени што се случија“, стои во коментарот на „Гардијан“.

Спонзорирано: