18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Зголемен бројот на сообраќајни незгоди во Кратово

(МИА) – Бројот на сообраќајните незгоди на подрачјето на општина Кратово во текот на вторите шест месеци од минатата година е во пораст за 63 отсто, споредено со истиот период во 2016 година, се наведува во Информацијата за безбедносна состојба и превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Кратово, презентирана на последната седница на Советот на општина Кратово.

Според извештајот, во второто полугодие на 2017 година на територија под надлежнот на Полициската станица од општа надлежност Кратово се случиле вкупно 31 сообраќајна незгода, додека во 2016 во истиот период имало 19 незгоди, што е порат за 63,1 отсто. Од вкупниот број незгоди, девет се случиле во населени места, додека 22 на отворен пат, а во нив загинало едно лице, 13 сообраќајки се со повредени лица, додека 17 се со материјална штета под 50 просечни плати во стопанството. Во над 50 отсто од вкупниот број на незгоди причината била неприлагодена брзина на движење.

Во пораст се и нарушувањата на јавниот ред и мир и изнесуваат 51,6 отсто, споредено со истиот период во 2016 година, кога биле 29,1 отсто. Во вотрото полугодие на минатат агодина поднесени се вкупно 47 барања за прекршочна постапка, против вкупно 68 сторители, а најголем број од иввршените прекршоци се физички напади – 15, бројка која исто така е во пораст од 66,6 отсто, споредено со 2016 година.

Криминалитетот на подрачјето на општина Кратово во втората половина од 2017 година бележи намалување за 5,4 отсто. Во овој период регистрирани се вкупно 35 кривични дела, додека во истиот период  од 2016 година биле регистрирани 37, што значи криминалот е намален за 5,4 отсто, се наведува во Информацијата.

Спонзорирано: