12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) Наместо одмор од соништата, добиле пеколно крстарење

Патници на крстарење во јужниот Пацифик добиле „патување од пеколот“ поради неколкудневните расправии и тепачки предизвикани од 23-члена фамилија, а некои од гостите морале да се затвораат по кабините со цел да го избегнат насилството.

Бродот „Карневал леџенд“ во саботата пристигнал во своето матично пристаниште во Мелбурн, еден ден откако проблематичното семејство било исфрлено од бродот на пристаниште во Нов Јужен Велс.

Полицијата соопшти дека го испитува инцидентот, а операторот на патувањето им се извинил на патниците поради несоодветното однесување на фамилијата. Патниците изјавиле дека членовите на тоа семејство постојано провоцирале и иницирале расправии со другите гости.

Патничката Лиза Болито за новинарите изјавила дека „големата италијанска фамилија“ со денови ги напаѓала Австралијците на бродот, односно дека има луѓе кои биле давени и удирани. Таа, исто така, го критикувала раководството на бродот поради тоа што не реагирало соодветно.

„Серија тепачки претворил брод од рај за одмор во боречки клуб“, напиша американскиот весник „Ју-ес-еј тудеј“ по повод овој настан.

Неколку тепачки избувнале за време на десетдневното крстарење, а постојат и видеоснимки на кои може да се види како гостите разменуваат удари покрај базен и во ноќен клуб на бродот. Инаку, повеќе патници го опишале патувањето како „крстарење од пеколот“.

Спонзорирано: