7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

“Бомба” на Заев која ги израдува граѓаните: Идентитетот не е тема во ниту една точка од преговорите

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за австриското државно радио ОРФ, вели дека е умерен оптимист во врска со решавањето на спорот за името со Грција.

Можно е решение до самитот на НАТО во јули, вели Заев.

За идентитетот воопшто не се разговара во преговорите за спорот за името со Грција, вели во интервју за австриското радио ОРФ, македонскиот премиер Зоран Заев.

„Мене ми е драго што во седумте точки нема тема идентитет.

Тоа е добро затоа што идентитетот е лично чувство.

Тоа прашање не може да се смени ни со гласање во парламентот, ниту на референдум“, вели Заев во разговорот.

Тој натаму објаснува дека проблемот на Грција „е со името на државата“ и доколку тој спор се реши конечниот збор ќе го имаат македонските граѓани на референдум.

Во однос на можното решение, Заев вели дека е „претпазлив оптимист“, и дека „е можно преговорите да бидат завршени до самитот на НАТО во јули“ годинава.

Самитот на Алијансата се одржува на 11 и 12 јули во Брисел, а македонскиот премиер вели дека Македонија веќе има отворена, автоматска покана.

Оваа покана е актуелна уште од самитот во Букурешт во 2008 година, условена со решение во спорот за името.

„Имаме автоматска покана, што значи дека НАТО членките ќе почнат да го ратификуваат нашето членство откако со Грција ќе објавиме дека проблемот е решен“, изјави Заев во интервјуто за ОРФ.

Спонзорирано: