10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Вработете се како секретар во Скопје – кога ќе дознаете колкава е платата ќе се изненадите

Македонската академија на науките и уметностите објави оглас за вработување на секретар на Секретаријатот на МАНУ.

Нето платата е 44.702 денари.

Кандидатите треба да имаат завршено високо образование, ниво на квалификации VI А, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен или магистратура ниво на квалификации VII.

300 кредити според ЕКТС или завршен VII/2 степен, најмалку 5 години работно искуство од областа.

Како и покажани организаторски способности и активно владеење на еден светски јазик.

Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа од 7 до 15 часот.

Покрај горенаведените посебни услови, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување:

да е државјанин на Република Македонија,

да е полнолетен,

да има општа здравствена способност и да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност.

Огласот е активен до 22 февруари.

Спонзорирано: