3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) По масакрот, Флорида бара строга контрола за вооружувањето

Над илјада демонстранти се собраа во Форт Лодердејл, на Флорида, барајќи строга контрола за вооружувањето.

Протестот се случува неколку дена по третото најсмртоносно пукање во училиште, во историјата на САД.

„Завршете со насилствата со огнено оружје“, извикуваа демонстрантите.

На протестот присуствуваа локални лидери, законодавци и јавни личности кои порачаа дека итно е потребно да се заостри законот за поседување на оружје.

„Му јавив на Конгресот и им реков дека мораат да ја завршат својата работа поради луѓето. Но, тие не работат за нас. На оваа земја и е потребна реформа во законот за огнено оружје, но за тоа не се разговара. Сакаат да разговараат за менталното здравје, или за злоставување, но за дебатата за оружје секогаш велат дека не е дојдено време“, рече една од учесниците во демонстрациите.

Управникот на училиштето во округот Брауард, Роберт Рански на „Твитер“ напиша дека масовното убиство на Флорида, би можело најпосле да покрене регулација во законот за поседувањето на огнено оружје.

Во средно училиште во Флорида, во средата, 19 годишниот Николас Круз кој бил поранешен ученик на училиштето, влезе вооружан со пушка „Р-15“ и започна да пука по учениците во ходниците.

Во нападот беа убиени 17, а ранети 15 лица. Убиецот легално го купил оружјето со коешто го извршил нападот.

Спонзорирано: