5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Ветон Сурои одби да прими орден од Тачи

(МИА) – Косовскиот публицист Ветон Сурои одби да го прими орденот што му го додели косовскиот претседател Хашим Тачи, по повод годишнината од прогласувањето на независноста на Косово.

Сурои на својот профил на Фексбук обајви дека одбива да прими орден од човек кој е „најмногу одговоен за заробување, изолација, поткадување и духовно и ментално осиромашување на Косово, како и за одлив на наслението и губењето на политичкиот консензус и перспективата на младите“.

Поради неговото учество во преговарачките процеси во Рамбуе и Виена, Сурои досега двапати беше предложен за орденот што го доделува претседателот на Косово по повод годишнината од незвисноста.

Косовските медиуми јавија дека покрај Сурои, одлукувањата од Тачи ги одбиле и поранешниот претседател на косовското Собрание, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими од опозициското движење Самоопределување.

Спонзорирано: