13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Последен ден од меѓународниот карневал „Прочка 2018“

2018 (МИА) – Централната манифестација на меѓународниот карневал „Прочка 2018“ ќе се одржи денеска во Прилеп со настап на учесниците пред жири комисијата која ќе ги избере најдобрите маски по категории, по што здружението „Прилепски мечакари“ ќе им додели парични награди и дипломи.

Официјалниот дел на карневалот ќе го следи и делегација на Европската федерацијана карневалски градови, предводена од претседателот Хенри Ван дер Крон.

Во официјалниот натпреварувачки дел ќе учествуваат карневалски групи од Будва, Бања Ковиљача, Врњачка Бања, Лесковац, Белград, Бол, Шабац, Бела Црква, Корча, Перник, Мокриево, Куратица, Бегниште, Кавадарци, Ратево, Струмица, Радови и други градови.

Спонзорирано: