9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Коатс: ИД и натаму претставува закана за безбедноста

(МИА) – Џихадистичката група Исламска држава (ИД) и натаму претставува закана за безбедноста и покрај поразите што неодамна ги доживеа во Сирија и Ирак, изјави во Минхен директорот на американското Национално разузнавање, Ден Коатс.

– Таа е повеќе од терористичка организација. Тоа е идеологија и можеби и теологија, како и комбинација на идеологијата и теологијата, која може да ги преживее поразите на бојното поле, оцени синоќа Коатс во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција.

Според него, напорите на меѓународната заедница за уништување на ИД сликовито можат да се опишат како „убивање на октопод“.

Коатс смета дека засега не може со сигурност да се каже дали е сторено доволно да се спречи возобнова на Исламската држава или џихадистите само користат време за да се регрупираат.

– Проценките се дека Исламската држава и натаму ќе претставува закана. додаде Коатс.

Спонзорирано: