17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бугарски екстремисти чествуваа пронацистички генерал

(МИА) – Неколку стотици бугарски ултрадесничарски екстремисти синоќа организраа прошетка низ центарот на Софија во чест на генерлот Христо Луков, кој во 30-те и 40-те години на минатиот век раководеше со пронацистичка организација во Бугарија.

Учесниците во маршот, со факели во рацете, прошетаа до поранешната куќа на Луков каде положија венци.

Бугарските власти првично го забранија собирот, но забрана подоцна беше поништена со судска одлука.

Градоначалничката на Софија, Јордана Фандукова оцени дека еден ваков собир не му доликува на градот, додека американската Амбасада во Бугарија соопшти дека е загрижена поради нетолерантноста манифестирана на маршот.

– Генералот Христо Луков беше приврзаник на нацистите, кој промовираше омраза и неправада и тој не е некој кој заслужува да биде славен, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД.

Спонзорирано: