19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британија, САД и Франција бараат ОН да го казнат Иран поради Хутите

2018 (МИА) – Велика Британија, САД и Франција синоќа побараа од Советот за безбедност на ОН „да го казни“ Иран, затоа што не презел мерки со кои ќе спречи јеменските шиитски бунтовници Хути да се снабдат со ирански ракети.

Во Предлог-резолуцијата што ја доставија трите земји, се бара ОН да преземат мерки поради кршењето на забраната за снабдување на Хутите со оружје, што ја воведе Советот за безбедност.

Во докуметот се бара и важноста на забраната да биде продолжена за уште една година.

Иницијаторите на резолуцијата сметаат дека иако нема докази за тоа кој ги снабдува Хутите со ракети – посредници или трета земја, сепак Иран ја прекршил забраанта со тоа што не ја спречил набавката или продажбата на ракети и беспилони летала на Хутите.

Спонзорирано: