3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во сообраќајни несреќи лани во Македонија загинале 155 лица

2018 (МИА) – Минатата година 155 луѓе го загубиле животот во сообраќајни незгоди по патиштата низ земјата. Од нив 150 лица загинале во 3.918 сообраќајки предизвикани од грешка на возачот. Во 101 несреќа, пак, пет лица го загубиле животот по грешка на пешак. Најмногу загинати во сообраќајки имало во јули минатата година, и тоа во саботите, во периодот од 12 до 16 часот.

Според статистиката што ја објави МВР, во 2017 година во Македонија се случиле 4.019 сообраќајки, во кои имало 6.379 настрадани лица. Најчеста причина за сообраќајките била брзото возење, а најмногу од лицата кои настрадале се на возраст од 41 до 65 години.

Главниот град е водечки на листата каде лани се случиле 1.652 сообраќајни незгоди во кои загинале 37 лица, а настрадале вкупно 2.500 учесници во сообраќајот. Веднаш зад Скопје се најде Штип, каде загинале 30 лица во 321 сообраќајка. За среќа во Берово и Крушево нема загинати, но и таму се случиле вкупно 10 сообраќајки.

Вкупната материјална штета на сите сообраќајки во Македонија изнесува околу два милиона евра.