10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп ги посети преживеаните од пукањето во Флорида

Американскиот претседател ја посети болницата во Флорида, каде се сместени повредените при пукањето во училиштето во Флорида.

Пристигнувањето на претседателот и неговата сопруга се случи во тежок ден за семејствата на загинатите, кои сфатија дека ФБИ можеле да го спречат инцидентот.

Посетата на Трамп не беше однапред најавена, за да се избегнат протести со барање за промена на законите, кои му дозволиле на убиецот Николас Круз да се стекне со оружке

„Нелогично е законот да му забранува на малолетник да пие алкохол, но да му дозволува да купи оружје“, вели родител на дете кое го преживеало пукањето.

Претходно, американскиот федерален обвинител Џеф Сешнс, нареди ревизија на процедурата на Министерството за правда, откако ФБИ не ја истражило дојавата дека осомничениот за масакрот во средно училиште на Флорида, подготвувал напад.

Сешнс изјави дека пукотницата во која беа убиени 17 лица е „трагична последица“ на пропустите на ФБИ. Тој истакна дека сега е јасно дека на Федералното истражно биро му се провлекле знаците на предупредување.

ФБИ призна дека пропуштиле да реагираат на дојавата со која биле предупредени дека Николас Круз има „желба за убивање“.

Ревизијата ќе истражи каде се погрешило и како ФБИ и Министерството за правда реагирале.

Спонзорирано: