13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Шукер: За македонскиот фудбал минатата година беше исклучително успешна

Давор Шукер, член на Извршниот комитет на УЕФА и прв човек на Хрватскиот фудбалски сојуз, денеска беше присутен на редовното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија што се одржа во Скопје.

Шукер и лани дојде како претставник од УЕФА на Изборното собрание, на кое актуелниот претседател Илчо Ѓорѓиоски доби втор мандат.

Тој во име на УЕФА пред делегатите се заблагодари за одличната соработка со ФФМ и упати честитки за сработеното.

– Ако ја анализирате минатата година на фудбалски план за Македонија е исклучително успешна. Имавте и успеси, но и историски настапи. Сениорскиот национален тим направи скок од 90 места на листата на ФИФА, младата репрезентација до 21 година учествуваше првпат на Европското првенство во Полска, ФФМ изгради капитален објект за фудбалската Академија, но и беше организатор на Суперкупот на Европа. За нас од УЕФА, важно е и што ФФМ максимално ги почитува статутите за работа, кои се усогласени со Европската куќа на фудбалот. Знаете на Балканот секогаш има незадоволство, колку и да сте добри и да сте постигнале успех. Секогаш се бара повеќе, но мислам дека Македонија постигна многу, да не кажам максимум на фудбалски план. УЕФА има одлична соработка со ФФМ и ќе работиме заеднички за доброто на фудбалот. За да има уште поголеми успеси, изјави Шукер.

На редовното Собрание делегатите едногласно ја усвоија завршната сметка за 2017 година и го одобрија буџетот за тековната 2018 година.

Спонзорирано: