10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се обиде да злоупотреби лични трагедии за сопствена промоција

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ спадна толку ниско што освен лажните вести сега се обидува да злоупотребува лични трагедии и судбини за политички цели, реагира СДСМ на обвинувањата на Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што јавноста веќе е информирана, надлежните институции преземаат мерки и целосно го расчистуваат овој случај, се спроведува и рехабилитација, заштита и психо-социјална поддршка на малолетната жртва, како и мерки за превенција за во иднина да не се појавуваат вакви или слични случаи. Случајот со малолетното девојче е директна последица на систематското уривање на институциите што ВМРО-ДПМНЕ го правеше 11 години, особено во делот на социјалната заштита“, велат од СДСМ.

За жал, велат од таму, овој случај само ја потврдува неопходноста од темелни промени во општеството и исправноста на започнатите реформи во сите сегменти.

Спонзорирано: