5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Пирло кажува „збогум“ на фудбалот на „Сан Сиро“

2018 (МИА) – Светскиот шампион со Италија од 2006 година, Андреа Пирло најави дека ќе одигра проштален натпревар на 21 мај на стадионот „Сан Сиро“ во Милано. Сите средства од мечот ќе бидат донирани во добротворни цели.

– Ова е шанса да споделам една посебна вечер со она што го сакам најмногу. Натпреварот ќе се одигра на 21 мај на „Сан Сиро“, каде го поминав поголемиот дел од својата кариера, рече Пирло на церемонија во неговиот роден град Бреша, каде прими специјална награда.

Пирло ја започна својата професионална кариера во 1996 година. Три години одигра на „Џузепе меаца“ во дресот на Интер (1998-2001), а потоа помина уште десет сезони на истиот стадион во другиот гигант од Милано (2001-2011).

Во Јувентус поминува 4 сезони каде освои сѐ што можеше во Италија (2011 – 2015), а натпреварувачката кариера ја завршува од другата страна на океанот, во тимот на Њујорк Сити, каде играше 2 години

Спонзорирано: