14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Перкс: Случајот со 13-годишното девојче покренува прашања како државата ги штити најранливите деца

Случајот со силуваното 13-годишно ромско девојче, штитеничка на домовите „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“ покренува сериозни прашања за тоа како општеството ги штити најранливите деца, смета претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс.

„Иако злоупотребата се случила надвор од државна институција, случајот покренува сериозни прашања за тоа како општеството ги штити најранливите деца. Злоупотребата на децата е глобален проблем. Сторителите на дела поврзани со сексуална злоупотреба на деца се најопасни кога ќе влезат во мрежите на трговија со луѓе. Тие ги демнат децата под заштита на државата и оние од дисфункционални семејства, честопати и децата со ниска самодоверба, слаба приврзаност и ментални здравствени проблеми“, вели Пеекс.

Во повеќето земји во регионов, додава тој, органите на законот сè уште не се целосно екипирани за решавање на проблемите.

„Фактот дека темата и натаму е табу за јавноста, исто така, претставува пречка за превенција и одговор. Треба многу да се вложува вополициска работа водена од разузнавачки и форензички докази за да ги разоткриеме таквите мрежи и најцелосно да го примениме законот за сите кој би ги повредиле децата“, вели Перкс.

Според него, институционалната грижа не може да обезбеди соодветна заштита на децата од повреда, ниту пак можат да обезбедат здрав развој на децата и нивно закрепнување од траума, злоупотреба или занемарување кои можеби ги доживеале во семејството.

„Токму затоа Владата, ЕУ, УНИЦЕФ и другите партнери работат заедно на трансформирање на овие институции и згрижување на децата во семејна средина, каде секое дете ќе добие соодветна грижа, љубов и посветеност – нешта што сите ги очекуваме за нашите деца. Овие напори драстично се интензивираат во последниве неколку месеци, а Владата се заложи до 2020 година да стави крај на згрижувањето на децата под 3-годишна возраст во институционална грижа“, вели Перкс.

Според него, луѓето кои работат во социјална заштита, образование, здравство и полицијата треба да се поттикнати и мотивирани да дадат сè од себе за децата.

„Предизвиците за децата во земјата се големи и ние заостануваме зад соседите од Западен Балкан во многу области. Исто така, имаме висок степен на детска сиромаштија и релативно висока смртност кај новороденчињата, ниски стапки на запишување во предучилишно образование и слаби резултати во средно училиште. Целото наше општество, без разлика дали сме во Струга, Скопје или Штип, треба итно да ги здружи силите за да обезбеди опстанок, заштита и развој на сите наши деца. Можеме да го постигнеме тоа, но ќе го постигнеме само заеднички“, истакнува Перкс.

Спонзорирано: