11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Обезбедени средства за физибилити студија за пречистителна станица во Виница

(МИА) – Општина Виница обезбеди 150 илјади швајцарски франци како грант за изработка на физибилити студија за пречистителна станица за отпадни води.

Средствата ги обезбеди Швајцарската агенција за развој и инвестиции, а студијата треба да ја покаже финансиската исплатливост и техничката оправданост од изградбата на објектот.

– Има две варијанти во решавањето на отпадните води во општината – да се изгради пречистителна станица или колекторскиот систем да се приклучи на објектот што веќе се гради со истата намена за општина Кочани. Токму студијата ќе даде одговор која опција е најоправдана, рече  градоначалникот на општина Виница, Ивица Димитров, кој денеска даде отчет за првите сто дена од својот мандат.

Растојанието меѓу пречистителната станица кај Кочани и онаа што евентуално би требало да се гради за Виница е околу пет километри. Димитров нагласи дека заедничкото решавање на овој комунален проблем за двете општини, може да придонесе за намалување на цената на услугата што во иднина би ја плаќале граѓаните.

Во моментот отпадните води од населените места во општина Виница без никаков третман се испуштаат директно во реката Брегалница.

Спонзорирано: