15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Нов водоводен и канализациски крак во општина Богданци

(МИА) – Во месноста наречена Горно село во Богданци денеска завршија теренските работи за инсталирање нов канализациски и водоводен крак во должина од 300 метри, соопшти јавното претпријатие „Комунална чистота“ чии екипи беа ангажирани во реализацијата на зафатот.

– Наизглед малиот зафат за семејствата од повисокиот регион на Богданци решава големи проблеми од комуналната сфера. Новиот крак конечно обезбедува услови да се реализираат шест приклучоци на водоводната линија и пет приклучоци на канализациската мрежа со што целосно се одговара на потребите на жителите од овој дел на Богданци, информира „Комунална чистота“.

Од општината нагласија дека и понатаму ќе продолжат активностите за целосно покривање на домаќинствата со водоводна и канализациска мрежа на територијата на општина Богданци.

Спонзорирано: