23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЕУ одобри доделување средства за истражувачки проекти во одбраната

(МИА) – Европската комисија соопшти дека се одобрени средства за неколку нови истражувачки проекти во рамки на Европскиот фонд за одбрана.

Проектот „Океан 2020“ е поврзан со надзорот над морските површини и вклучува употреба на далечински управувани авиони и подморници. Проектот ќе го водат 42 организации од 15 земји на ЕУ и ќе бидат бесплатно финансирани со речиси 35 милиони евра.

Три други проекти, поврзани со подобрувањето на опремата на војниците, добија поддршка од еден до три милиони евра.

Еден од овие проекти е за развој на маскирна облека, која се менува според околината и обезбедува заштита од сензори кои функционираат на неколку бранови должини.

Вториот проект е наменет да ја подобри компатибилноста на единиците, се наведува во извештајот.

Третиот проект е за развој на многу лесни воени панцирни елеци.

Европскиот фонд за одбрана располага со 90 милиони евра за истражување и развој до крајот на следната година. ЕК ќе предложи, по 2020 година, Фондот да добива годишно финансирање од 1,5 милијарди евра.

Спонзорирано: