13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Белчев: Осумте милиони евра за дислокација на галиите, Шилегов да ги пренамени за ново училиште во Ченто

Му порачуваме на Петре Шилегов 8-те милиона евра наменети за дислокација на галиите да бидат пренаменети за изградба на ново основно училиште во населба Ченто, изјави Живко Белчев, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Гази Баба.

„Веднаш нека ги пренамени и ќе реши голем проблем и за учениците и за граѓаните од населба Ченто. Доколку не ги пренамени овие пари, зборот нема да биде повеќе збор како што велеа Ѓорѓиевски и Шилегов, туку зборот ќе биде лага, како што впрочем тоа го докажаа и многупати наназад. Доколку Шилегов сака да ги дислоцира галиите, тоа нека не го прави со парите на граѓаните, туку нека си го направи од сопствените доколку ги има, од кириите или ако си заработил“, рече Белчев.

Тој рече дека во моментов учениците од основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ учат во простории кои се изградени во 60-тите години од средината на минатиот век.

Спонзорирано: