18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Жена по грешка жива закопана, умрела по 11 дена патење

Жена по грешка била жива закопана, а при свест останала 11 дена обидувајќи се да се извлече од камената гробница. За жал, не успеала.

Росангела Алмеида дос Сантос, 37-годишна Бразилка од градот Риачао дас Невес, закопана е во камена гробница во ковчег запечатен со клинци.

Локалните жители наводно слушнале вресоци од гробницата, по што членовите на семејството ја отвориле, но го пронашле само безживотното тело на Росангела.

Видео снимките од трагичниот настан покажуваат како неколку лица повикуваат помош додека други ги допираат нозете на жената коментирајќи дека се уште се „топли“.

https://youtu.be/0m2pSxdjiCk

Сантос е прогласена за мртва 28 јануари и е закопана наредниот ден.

Жителите кои живеат во близина на гробиштата го повикале семејството на 9-ти февруари, 11 дена после смртта бидејќи слушнале звуци.

Росангела по телото и по рацете имала повреди бидејќи се обидувала да излезе од гробницата.

На крај умрела од септички шок.

Спонзорирано: