17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес во Скопје

Послаб земјотрес денеска попладне беше почувствуван во Скопје и околината.

Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил регистриран во 15:43 часот.

Потекнува од скопското епицентрално подрачје со епицентар на само неколку километри источно од централното градско подрачје.

Според информациите потресот бил со локална Рихтерова магнитуда од 2.0.

Земјотресот беше почувствуван од населението во Скопје и околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Спонзорирано: