9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Сирија се води војна секој против секого

Доколку победата над терористите во Сирија треба да значи крај на седумгодишната војна, очигледно тоа никој не им го кажал на Иран, Израел, Турција, Русија и на САД, пишува новинар на „Атлантик“.

„Во моментот се случува нова експлозија на насилството во оваа, како што се чини, бесконечна војна. Тоа е судир меѓу двете најголеми воени сили во светот – Америка и Русија, две членки на НАТО – Америка и Турција и вечните непријатели – Израел и Иран“, пишува авторот на текстот, Ури Фридман.

Фаизал Итани, експерт од Институтот „Атлантски совет“ од Вашингтон, изјави дека војната во Сирија никогаш не била во такви меѓународни размери како што е сега.

„Атлантик“ додава дека сега сирискиот лидер Башар ал-Асад преку поддршката од Иран и Русија се издигнал над опозицијата. Меѓутоа, ниту една од странските сили не е задоволна со ситуација статус кво. Конечно, секоја страна проверува колку далеку може да отиде за да ги заштити своите интереси – честопати и во буквална смисла.

Турција не сака да се согласи со јакнење на позициите на курдските бунтовници, кои се поддржани од САД. Од друга страна, Вашингтон се чини дека има цврста намера да го наметне своето влијание во Сирија за да го спречи создавањето нови терористички организиации и да ја спречи реализацијата на планот на Иран за проширување на влијанието во источниот Медитеран. Израел, пак, ја поддржува намерата на Америка насочена против Иран, се вели во статијата.

Русија, од друга страна, сака да ги зачува пријателски настроената влада во Дамаск и своето воено присуство во Средоземното Море, што ѝ обезбедува добра позиција од аспект на светска воена сила.

Иранците се обидуваат да создадат долгорочна стратешка воена инфраструктура во Сирија преку изградба на фабрики за производство на проектили и други видови оружје“, наведува експертот Итани.

Спонзорирано: