13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција го ослободи од затвор германскиот дописник

Германскиот дописник за весникот „Die Welt“ Дениз Јуџел денеска е ослободен од затвор во Турција, откако помина една година затворен поради обвинение за ширење пропаганда, соопштија германските власти, пренесе Би-Би-Си.

Тој случај ја зголеми напнатоста во германско-турските односи.

Опозицијата и групи за човекови права го осудија апсењето на германскиот новинар, нарекувајќи го чинот – напад врз слободата на говорот, како и обид за заплашување на странските медиуми во земјата.

Дениз Јуџел (44) беше уапсен минатата година во Истанбул, обвинет дека пишувал пропаганда за поддршка на тероризмот.

Турција, сепаратистичките милитанти во курдската заедница, ги прогласи за терористи.

Спонзорирано: