13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп: Американскиот народ е обединет по пукањето на Флорида

Американскиот претседател, Доналд Трамп, нагласи дека ниту едно дете не треба да оди на училиште стравувајќи за својот живот и оцени дека народот е обединет како едно големо американско семејство по смртта на 17 луѓе во пукањето во средно училиште на Флорида. Обраќајќи ѝ се на нацијата од Белата куќа, Трамп рече дека сака директно да им се обрати на американските деца, па им порача дека никогаш не се сами и дека никогаш тоа нема да се случи.

Трамп најави дека ќе замине на Флорида за да се сретне со семејствата на жртвите, да испита како подобро да ги заштити училиштата и да се позанимава со тешки прашања, како што е менталното здравје.

Тој најави дека ќе го обиколи Паркленд, местото каде што се случи ужасот. Трамп не го спомена оружјето, ниту контролата над него. Само ги повика Американците на омразата да одговорат со љубов, а на суровоста со љубезност. Американскиот претседател претходно на „Твитер“ го карактеризира убиецот како ментално болна личност и каква таква секогаш треба да биде пријавена на властите.

„Имало толку многу знаци дека напаѓачот од Флорида бил ментално болен, дури бил и исфрлен од училиштето поради лошо однесување. Соседите и соучениците знаеле дека бил многу проблематичен. Секогаш таквите испади мора да се пријавуваат кај властите одново и одново“, порача вчера Трамп на „Твитер“.

Тој им упати сочувство на семејствата на убиените.

Како што соопштија властите, напаѓачот легално го купил оружјето со кое го извршил нападот. Се работи, најверојатно, за 18-то пукање во училиште во САД оваа година, а 291 од 2013 година, пренесе Би-би-си.

Спонзорирано: