11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Следниот петок вратите на Собранието ќе бидат отворени за граѓаните

Од Собранието на РМ информираат дека следниот петок, 23 февруари, зградата на македонскиот парламент ќе бидe отворена за посета од страна на граѓаните.

Како што истакнуваат оттаму, присутните ќе може да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговор на нивните прашања.

Воедно, службите на Собранието на Република Македонија потсетуваат дека тоа е отворено за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефонскиот број 02/3182-227 или на имејл-адрсата s.stamenkovska@sobranie.mk, најдоцна пет работни дена пред посетaта.

Спонзорирано: