20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска панелист на Глобалниот форум на жените политички лидери во Минехен

Денеска заканите не мора да се во униформа, туку тие се манифестираат со ерозијата на главните принципи и вредности, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на днешниот панел во Минхен на тема „Новите закани побаруваат ново лидерство:

Утврдување на глобалната безбедносна агенда од перспектива на жените“, организиран од Глобалниот форум на жените политички лидери.

Панелот се организира во пресрет на Минхенската безбедносна конференција, која започнува денеска.

Говорејќи за безбедносните мерки и новите закани, Шекеринска рече дека новата Влада прави сè што е во нејзина моќ да ја врати Македонија на патот кон демократските вредности, слободите и просперитетот.

Панелот стави фокус на прашањата поврзани со безбедносната политика, новите закани, социјалната кохезија во безбедносните дебати и на тоа кои се главните приоритети на безбедносните политики и како жените политичари може да дадат една нова перспектива во менаџирањето со заканите.

Покрај Шекеринска, на настанот беа и бароницата Кетрин Ештон, поранешна потпретседателка на Европската комисија и поранешна висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Џенифер Морган, извршен директор на „Гринпис интернационал“, Патриција Флор, генерален директор за меѓународниот ред, Обединетите нации и контролата на вооружувањето во германската федерална канцеларија за надворешни работи, и Џули Лин Теигланд, регионален менаџер на „Ернст и Јанг“ за Германија, Швајцарија и Австрија.

Спонзорирано: