12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Објавен конкурс за стипендии на „Семос академијата“ на тема „Звукот на градот“

„Семос академијата“ распиша конкурс за доделување стипендии на тема „Звукот на градот“ за академската 2018/2019 година за образовните профили графички дизајнер и веб-дизајнер. Конкурсот ќе трае 10 недели, односно сите кандидати што ги исполнуваат условите своите пријави ќе може да ги поднесат најдоцна до 22 април 2018 година.

Конкурсот се однесува на доделување 2 целосни и 2 делумни стипендии за стручните едногодишни програми „Графички дизајн“ и „Веб-дизајн“ во вкупен износ од 6.900 евра. Кандидатите што ќе аплицираат имаат можност да освојат целосна стипендија во вредност од 2.450 евра или делумна стипендија во вредност од 1.000 евра.

За сите заинтересирани Академијата и оваа година ќе организира отворен ден на 4 април, а добитниците на стипендија ќе бидат објавени во јуни 2018 година кога ќе се одржи официјалниот настан во Академијата – „Изложба 2018“.

Како вам ви звучи градот? Ослободете ја својата креативност и со својот цртеж, дизајн на постер, веб-страница, мобилна апликација, фотографија, анимација или илустрација добијте единствена можност за бесплатно школување на „Семос академијата“. Повеќе информации за условите и постапката за аплицирање, како и сите детали за конкурсот, прочитајте на официјалната веб-страница на „Семос едукација“: за графички дизајн http://bit.ly/2ob77HX; за веб-дизајн http://bit.ly/2EzIrUz.

Спонзорирано: