7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Индепендент: Скандал со хуманитарци и на Косово и во Босна

Откако беше откриено дека хуманитарните работници од организацијата „Оксфам“ плаќале жени на Хаити за сексуални услуги, како и дека меѓу нив најверојатно биле и малолетници, се појавија изјави на сведоци и докази за слични настани на други места каде хуманитарците биле задолжени да му помогнат на локалното население за време на војна или природни катастрофи, објави британски „Индепендент“.

Како што пренесува „Индепендент“, тоа се случувало и на Косово и во Босна и Херцеговина.

„За време на моето прво патување за Косово во 1999 година, набрзо по завршувањето на војната, возачот ми рече дека таму се градат голем број на бордели близу областите во кои се наоѓале припадници на хуманитарната организација и мисија на Обединетите нации, затоа што многу мажи кои таму биле стационирани често користеле услуги на протитутки“ навела новинарката Џули Биндел.

Таа додала дека видела многу мажи како влегуваат во бордели, наспроти фактот дека многу од нив биле таму за да ги советуваат локалните власти за стратегијата на борбите против трговијата со луѓе.

Се навдува и случајот кога Кетрин Болковац, која ја надгледувала мисијата на ОН во Босна и Херцеговина, ги тужела нејзините надредени за неправедно отпуштање во 1999 година, откако пријавила дека припадници на мисијата плаќаат за сексуални услуги, силуваат малолетни девојки и учествуваат во трговија на луѓе.

Спонзорирано: