18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Масакар во Америка: Ученици паѓаа мртви на земјата

Најмалку 17 луѓе се убиени, а повеќемина се ранети во пукање во средно училиште во американската сојузна држава Флорида, информира шерифот на округот Брауард во јужна Флорида, Скот Израел. Тој рече дека осомничениот напаѓач е уапсен во близина на училиштето и дека се работи за 19-годишен поранешен ученик на училиштето, кој бил исклучен од „дисциплински причини“. Пукање имало и внатре, но и надвор од објектот, но осомничениот бил уапсен без инцидент. Рече дека полицијата затекнала „ужасни сцени“ во училиштето. Не се соопштува дали жртвите се ученици, наставници или случајни минувачи, но оти повеќето биле убиени внатре во училиштето.

Канцеларијата на шерифот од областа Брауард претходно на Твитер објави дека има најмалку 14 загинати и оти повредените се пренесуваат во болница.

Средното училиште Марџори Стоунмен Даглас во Паркленд, кое се наоѓа на околу 72 километри од Мајами и околу 24 километри западно од Форт Лодердејл е затворено, а учениците се криеле по училниците додека не биле спасени од полицијата.

Училиштето беше опколено од големи полициски сили.

Претседателот Доналд Трамп им изрази сочувство на семејствата на убиените.

„Моите молитви и сочувство се за семејствата на жртвите на страшното пукање на Флорида. Ниедно дете, професор или кој било друг не смее да се чувствува несигурно во американските училишта“, напиша Трамп на Твитер.

Спонзорирано: