11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хуманитарци плаќале за сексуални услуги во области погодени од природни катастрофи

Маѓународната хуманитарна група „Лекари без граници“ (MSF) денес објави дека биле регистрирани 24 случаи на сексуално вознемирување или злоупотреба од страна на нејзини вработени во текот на минатата година, поради што отпуштени биле 19 лица. Ова е втор секс скандал кој се појави неделава, а во кој е вклучена хуманитарна организација.

Организацијата наведе дека ги објавува овие податоци со цел да се покаже транспарентност по скандалот со британската хуманитарна организација „Оксфам“. Имено, заменик-претседателката на „Оксфам“ поднесе оставка откако „Тајмс“ објави дека членови на персоналот на оваа организација во Хаити во 2010-та година за време на катастрофалниот земјотрес плаќале проститутки при нивната мисија.

„Лекари без граници“, која е основана во Париз, но со седиште во Женева, денеска соопшти дека се зголемува бројот на поплаки во врска со малтретирање во рамки на организацијата.

Во текот на 2017-та година биле примени 146 претставки од терен, при што 40 од нив се однесувале на злоупотреба и малтретирање, па во овие случаи била спроведена внатрешна истрага. Од тие 40 случаи, 24 се однесуваат на сексуална злоупотреба и малтретирање.

Во соопштението се додава дека има и случаи на злоупотреба од страна на персоналот MSF против лица од страна, поради што 19 вработени биле отпуштени.

Британската хуманитарна организација „Оксфам“, во понеделникот соопшти дека заменик-извршниот директор, Пени Лоренс, поднела оставка преземајќи ја одговорноста поради „несоодветните реакции“ на организацијата во врска со непрописното однесување на работниците кои плаќале проститутки во Хаити за време на земјотресот од 2010-та година.

„Во изминативе неколку дена станавме свесени дека постои загриженост во врска со однесувањето на вработените во Чад и на Хаити, на кои ние сме реагирале адекватно“, изјавила Лоренс.

Таа рекла дека наводите во врска со однесувањето на директорот на мисијата и членовите на неговиот тим во Чад, се случиле пред тој да биде префрлен на Хаити.

Во меѓувреме, Хаити побара од „Оксфам“ да ги идентификуваат нивните работници кои плаќале проститутки по земјотресот од 2010-та година, со цел нивно сослушување. Хаити, исто така ја разгледува можноста за преземање на правни мерки против организацијата.

Спонзорирано: