18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Американските сили уништија руски тенк во Сирија

Американско беспилотно летало во Сирија уништило тенк Т-72 во текот на викендот.

Станува збор за познат тенк штосе произведува во Русија, а бил уништен во напад врз силите што се борат на страната на претседателот, Башар ал-Асад.

Нападот се случил во неделата недалеку од местото Ал Табијех.

Генералот Џефри Хариган од воздухопловните сили на САД одбил да шпекулира кој бил во тенкот за време на нападот. Еден американски официјален претставник, кој посакал да остане анонимен, изјавил дека при нападот врз тенкот загинале најмалку двајца војници на владината војска.

Американската армија соопшти дека тенкот бил уништен откако навлегол во територијата на бунтовничките сили поддржани од страна на САД.

Спонзорирано: