12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Традиционално закројување на лозјата на „Тиквеш“

Со сите традиционални обичаи, во присуство на голем број партнери, соработници, членови на Управниот одбор и менаџментот, како и вработени и пријатели на винарската визба „Тиквеш“ од Македонија и од регионот, денеска, на локалитетот Лепово се изврши чинот на закројување на лозовите насади.

Официјалниот чин на закројување на лозите на локалитетот Лепово го извршија претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, и генералниот директор на винарницата, Радош Вукиќевиќ.

Според менаџменот на „Тиквеш“, винарницата ќе продолжи да ги негува партнерските односи и успешната соработка со лозарите, а основата за тоа се почитување на преземените заемни обрски и соодветно наградување на квалитетот.

И годинава ВВ „Тиквеш“ пред законски утврдениот рок за исплата на грозјето исплати речиси 70 проценти од вкупната вредност на откупеното грозје, со што повторно го надмина законски дефинираниот минимум од 60 отсто, што треба да бидат исплатени заклучно со 15 февруари. Минатата берба „Тиквеш“ откупи речиси 15 милиони килограми квалитено грозје, при што беше постигната откупна цена во просек од 19 денари за килограм, што е за 28 проценти повисока од просечната откупна цена во изминатите три години. Се планира и преостанатите 30 отсто од вкупната вредност на откупеното грозје да бидат исплатени пред законски предвидениот рок.

Благодарение на партнерскиот однос и соработката со 2.000 производители на грозје, како и развојот на над 1.000 хектари сопствени лозови насади, „Тиквеш“ секоја година обезбедува квалитетно грозје од кое со помош на најсовремена технологија, стручност и искуство се произведува висококвалитетно вино, кое од година на година станува префериран избор за сè поголем број потрошувачи на голем број пазари.

Спонзорирано: