18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Патник кој летал за Хаваи снимил како паѓаат делови од моторот на авионот

На социјалните мрежи неодамна се појави видео од авион на компанијата „Јунајтед ерлајнс“ на кое се гледа како паѓаат делови од моторот на авионот додека истиот е во лет.

Според информациите, авионот летал од Сан Франциско за Хонолулу, Хаваи, а оваа опасна ситуација била регистрирана од страна на еден од патниците по име Ерик Хадад.

„Ова изгледа лошо“, напишал Хадад во прилог на објавената снимка на „Твитер“.

Тој, исто така, објави фотографија со саркастичен опис: „Во упатствата за безбедност при летање немам сретнато инструкции за ваква ситуација“.

За среќа, авионот слетал безбедно на аеродромот во Хаваи. Од компанијата „Јунајтед ерлајнс“ информирале дека делот што паднал бил капак за моторот што всушност на влијае врз неговата работа, но, сепак, според протоколите, пилотот побарал итно слетување на леталото

Спонзорирано: