11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Официјално стапи во сила Договорот за добрососедство со Бугарија

Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Никола Димитров и Екатерина Захариева, денеска во бугарската престолнина Софија го потпишаа Протоколот за размена на ратификациските документи, со што официјално стапи вo сила Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји.

Овој договор беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега, Бојко Борисов. Истиот е склучен со цел зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање сестрани меѓусебни односи, согласно со меѓународното право.

Министерот Димитров, денес во рамките на работната посета на Република Бугарија, оствари средби со бугарскиот претседател, Румен Рaдев, со претседателот на Владата, Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Како што информираат од МНР, во фокусот на билатералните разговори биле прашања од заеднички интерес за двете држави, во насока на унапредување на севкупната соработка по влегување во сила на Договорот за добрососедство, со акцент на економијата, енергетиката и инфраструктурата.

Спонзорирано: