10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Одрон на патот Тетово-Попова Шапка: Сообраќајот се одвива по една коловозна лента

На патниот правец Тетово-Попова Шапка поради одрон на патот сообраќајот се одвива по една лента, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, додека на повисоките места има остатоци од кашаст снег по интервенција на дежурните служби. Воедно, препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Спонзорирано: