12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон му се закани на Асад: Ќе ве нападнеме ако користите хемиско оружје

Францускиот претседател Емануел Макрон му се закани на сирискиот режим дека Фрација ќе изведе напади во земјата доколку се докаже дека било користено хемиско оружје.

„Ќе го нападнеме местото од каде што било лансирано хемиското оружје“, рече Макрон. Меѓутоа, додаде дека француските власти засега не пронашле несоборливи докази дека било користено такво оружје.

Би-би-си потсетува дека изјавата на Макрон следува по обвинувањата дека против цивилите во Сирија се користело забрането хемиско оружје.

Само во јануари се појавија пет извештаи за употреба на такво оружје, а минатата седмица светот го обиколија слики од една болница во провинцијата Иблиб, на која се гледаат болничари кои наводно примаат повредени по напад со хемиско оружје.

Спонзорирано: