19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кралот на Јордан: Одам во Москва да го видам својот брат Путин

Кралот на Јордан, Абдулах Втори, пристигнува во посета на Москва, а со Владимир Путин ќе разговараат за стабилизација на ситуацијата во јужна Сирија.

„Одам во Москва да го видам својот брат, претседателот Путин, како негов пријател и пријател на Русија“, рече кралот на Јордан за ТАСС во пресрет на посетата.

Како што наведе, тема на разговорите ќе бидат некои билатерални прашања, но и главните предизвици со кои се соочува светот, а особено минатогодишните активности на Русија и Јордан во јужна Сирија.

Кралот на Јордан во контекст на стабилизација на ситуацијата во Сирија ги истакна прашањата за уставот и изборите во земјата.

„Ние сме мал глас, но со Русија имавме добри 12 месеци соработка и едвај чекаме да разговараме за тоа како агресивно, но на позитивен начин, да дејствуваме во следните 12 месеци“, заклучи кралот.

Спонзорирано: