12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ФАО ги поддржува напорите на земјата за спроведување национален инвентар за шумите

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска се одржа работилница за процена на потребите за информации што треба да бидат собрани за следење на шумите. Се работи за дел од првата фаза од проектот за развивање на методологијата за спроведување национален инвентар за шумите за кој Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) на почетокот на 2018 година додели финансиска и техничка помош.

Со поддршка од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) шумарскиот сектор во Македонија презема понатамошни чекори за одржливо управување со шумските ресурси и зголемување на придонесот на шумарскиот сектор во националната економија и руралниот развој.

Проектот се фокусира на зајакнување на националните капацитети за развој на најсовремен национален систем за следење на шумите кој ќе овозможи донесување одлуки базирани на факти во доменот на шумарскиот сектор. МЗШВ со помош на ФАО ќе работи на подготовка на прелиминарна процена на земјишниот покров/користење на земјиштето како основа за дизајн на националниот инвентар на шумите.

Спонзорирано: