11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Две третини од Американците веруваат во вонземјани

Речиси 68 проценти од луѓето што живеат во САД веруваат дека постои интелигенција надвор од Земјата, покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Инстутотот за испитување на јавното мислење „Марист“.

„Како што истакнуваат социолозите, во споредба со 2005 година, бројот на американски граѓани што веруваат во вонземјани забележа пораст од 16 проценти. Според резултатите од истражувањето, 55 проценти од анкетираните сметаат дека вонземјаните ќе нè пронајдат нас пред ние да ги пронајдеме нив. Четириесет и два процента се убедени дека вонземјаните се поразвиени од жителите на земјата. Во исто време, 31 процент од Американците веруваат дека жителите на другите планети со своите интелектуални способности не се многу зад нас. Единаесет проценти веруваат дека ние веќе ги откривме вонземјаните. Студијата беше спроведена од 29 до 31 јануари и вклучи 1.003 луѓе.

Спонзорирано: